1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Франција затвора амбасади во 20 земји

По објавувањето нови карикатури со пророкот Мухамед од страна на еден париски сатиричен магазин, Франција донесе одлука во текот на утрешниот ден да останат затворени нејзините дипломатски претставништва во 20 земји.

Франција ги затвора своите дипломатски претставништва, училишта и културни центри поради страв од напади и безредија кои би можеле да се случат по петочните (20.09) молитви во муслиманските земји. Владата во Париз зборува за „мерки на претпазливост“. Претставник на француското министерство за надворешни работи сепак потенцираше дека засега нема конкретни закани за одделни француски претставништва.

Frankreich Satiremagazin Charlie Hebdo Karikatur

Првиот човек на „Шарли Хебдо“, познат само како Шарб им се обраќа на новинарите во Париз (19.09.2012)

Францускиот сатиричен магазин „Шарли Хебдо“ денеска (19.09) објави низа карикатури за Мухамед. Францускиот премиер Жан-Марк Еро го нагласи правото на слобода на мислење и укажа дека лицата кои ќе се најдат навредени од карикатурите можат да поднесат судски тужби, но сепак повика и на одговорност. Министерот за надворешни работи Лорен Фабиус, пак, го критикуваше магазинот и рече дека објавување на карикатурите во овој момент не е „интелигентно“.

Објавувањето на каркатурите доаѓа во време кога атмосферата во муслиманските земји е и онака жешка поради антиисламскиот филм продуциран во САД. Поради филмот имаше насилни протести во многу земји, меѓу кои и Либија, Тунис, Судан и Јемен.