1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Франција е на страната на Грција заради книгата за Саркози!?

Францускиот претседател Никола Саркози отворено застана на страната на Грција во прашањето за името на Република Македонија. Еден од неговите аргументи е дека во Грција била напишана книга за него- „Саркози од Солун“

default

Невообичаени образложенија од Саркози

Грција без сомневање во Франција го има најголемиот сојузник меѓу своите европски партнери во однос на прашањето за името на Република Македонија.

Впечатокот дека Париз ја поддржува грчката позиција, повеќе не е само впечаток, тоа е јавно потврдено и од шефот на француската држава.

„Тоа е добар впечаток. Тоа му го имам дадено до знаење на повеќе пати на премиерот на Грција, во однос на аферата за името на Македонија, бидејќи за тоа се работи. Јас му назначив дека ние ја поддржуваме грчката позиција. “ – изјави францускиот претседател Никола Саркози, на конференцијата за печатот по завршувањето на Европскиот самит во Брисел.

„Грците ни се пријатели. Треба да знаете дека откако ми напишаа книга во Грција „Саркози од Солун“ се чувствувам обврзан да бидам солидарен. Но ви потврдувам дека ние навистина сме многу солидарни со позицијата на нашите грчки пријатели. Тоа уште еднаш му го потврдив на грчкиот премиер. “– додаде Саркози.

Не се само шпекулации?!

По првите деманти на француското министерство за надворешни работи на Франција дека позицијата на Франција е непроменета по прашањето на името, со ова се става крај на сите шпекулации дали Париз е неутрален или не.

Со ова се потврди она што веќе го кажа францускиот шеф на дипломатијата Бернар Кушнер – дека на Република Македонија „и е потребно друго име, но двете земји се тие што треба да го изберат“.


Кушнер е убеден дека постои „јасен конфликт кој не е само историски и јазичен и кој не се однесува само на именувањето“ на земјата. „Позицијата на Франција е многу јасна. Секогаш го кажувавме тоа и ја поддржувавме Грција, но ние сакаме да се постигне договор меѓу двете земји“ - вели францускиот шеф на дипломатијата кој „верува дека е можно да се најде решение“, во спротивно, тоа може да го спречи членството на Македонија во НАТО.

Париз преку својот популарен министер за надворешни работи, вели дека сепак „не е тој што треба да избере име на земјата. Двете земји се тие кои што ќе треба да го направат тоа.“