1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Франција домаќин на ЕВРО 2016

Мишел Платини, кој како играч во 1984 година и‘ ја донесе првата шампионска титула на Франција, сега претседател на УЕФА, ја соопшти радосната вест-Франција ќе биде организатор на Европското фудбалско првенство 2016.

default

Никола Саркози лично агитираше во Женева

Лично претседателот на Франција Никола Саркози отиде во Женева, за да ја убеди техничката комисија на УЕФА во поддршката која државата и‘ ја дава на француската фудбалска федерација за кандидатурата да биде домаќин на Европското фудбалско првенство во 2016 година.

„Ова е ангажирање на цел еден народ, имаме желба да ве пречекаме во Франција. Франција е фудбалот. Сите Французи го очекуваат овој настан“, нагласи Никола Саркози во Женева.

Навивачите навистина застанаа зад кандидатурата на француската фудбалска федерација, околу еден милион од нив ја потпишаа петицијата на подршка отворена на интернет.


Напорна борба до последен момент

Претседателот на УЕФА Мишел Платини, кој не зеде учество во гласањето, призна дека присуството на францускиот претседател можеби било одлучувачко, бидејќи француската кандидатура доби 7 гласови, наспротти турската која доби 6. За италијанската кандидатура, иако остана во игра, сите знаеа дека таа нема шанси.

„Ситуацијата е тешка за мене, многу тешка. Јас сум Французин, но истовремено и претседател на сите... Но задоволен сум за францускиот фудбал“, рече поранешниот капитен на триколорите.

И друга фудбалска легенда - Зинедин Зидан ја бранеше француската кандидатура. Обраќајќи се пред присутните во Женева тој не ги криеше чувствата:

„Ќе биде фантастично да може повторно да се доживее еден настан во Франција, како тој во 1998 година“.

Frankreich EM 2016

Сега треба да се исполнат ветувањата

Претседателот на француската фудбалска федерација изрази утешни зборови за разочараните пријателите од Турција и Италија.

„Во овој момент чувството што ме надвладува е посебно, кога ќе помислам дека во 2016 година ќе ја пречекаме фудбалска Европа и ќе го направи она што го вети,“ нагласи Жан-Пјер Ескалет.

Со други зборови реновирање на 8 стадиони и изградба на четири нови во Лил, Лион, Ница и Бордо.

Француската кандидатура за ЕВРО 2016 предвидува буџет од 1,7 милијарди евра и ќе треба да донесе 15 000 нови работни места од кои 4000 ќе бидат трајни за одржување на функционалноста на новите стадиони кои ќе бидат градени по примерот на германските.

Автор: Тони Гламчевски

Редактор: Жана Ацеска