1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Франција, Данска, Германија и Русија во четвртфинале

Репрезентациите на Франција и на Данска постигнаа очекувани победи во осминафиналето на Светското првенство во Шпанија. Македонија загуби од Германија, а Бразил од Русија.

Патешествието од Севиља до Барселона и заморот се еден од клучните фактори за поразот од Германија со 23:28, смета капитенот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров. Како дополнителна причина за поразот тој го издвои и лошото отворање на натпреварот, кога Германците во првите седум минути стигнаа до предност од 4:0.

„Делувавме бавно од почетокот на натпреварот, лошо отворивме, а истото ни се случи и против Исланд. Ние немаме 16 добри ракометари за да можеме да си го дозволиме тоа, да бркаме резултат. Еднаш кога бевме во ваква ситуација успеавме да се вратиме во мечот (против Русија, н.з.). Против една, слободно можам да кажам полетна Германија тешко е да се брка резултат“, изјави Лазаров.

Handball WM 2013 - Deutschland vs Mazedonien Achtelfinale

Кирил Лазаров во напад

Тој смета дека иако резултатот не е како оној од Европското првенство во Србија, сепак тимот одиграл помодерен ракомед од пред една година. Лазаров нагласува дека тимот сега треба да размислува за пласманот на Европското првенство во Данска, а потоа и за пласман на Светското првенство во Катар, каде би се борел за пласман на Олимписките игри.

Во четвртфиналето на актуелното Светско првенство во Шпанија двојките се следниве:

Германија против победникот од натпреварот Србија – Шпанија

Русија против победникот од натпреварот Словенија – Египет

Франција против победникот од натпреварот Хрватска – Белорусија

Данска против победникот од натпреварот Унгарија – Полска.