1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Франција го прославува 14. јули

Франција го слави својот национален празник. Воените борбени авиони на француската авијација ја збогатија парадата исцртувајќи го сино-бело-црвеното француско знаме. Претседателот се обрати до јавноста преку ТВ интервју.

Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска присуствуваше на свечената парада по повод националниот празник на Франција на Шанз-Елизе во Париз. Во воено возило тој од Триумфалната капија се движеше покрај вoјниците, учесници на парадата. Почесни гости на церемонијата годинава беа Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, преодниот претседател на Мали Д. Траоре и претседателот на новата членка на ЕУ - Хрватска, Иво Јосиповиќ.

Во центарот на Париз маршираа околу 4.800 војници. Меѓу нив беа и околу 60 војници на Мали, како и војници од мисијата на ОН во Мали МИНУСМА. Тие уечествуваат во воениот ангажман предводен од Франција против исламистите во Мали. Франција во јануари годинава презема воена интервенција во Мали, за да го стопира напредувањето на исламистите од северот на западно-африканската земја.

Во интервју по повод празникот, францускиот претседател Оланд зборуваше на повеќе теми. Тој изјави дека неговата земја мора да ја подобри безбедноста во железничкиот сообраќај и ја отфли можноста да се работи за саботажа во петочната железничка несреќа јужно од Париз. Во интервјуто Оланд оцени и дека е започнато закрепнувањето на економијата. Франциускиот претседател забележа дека песимизмот меѓу неговите сограѓани е поголем отколку во соседните земји, па дури и поголем од „земјите во војна“. Оланд рече дека се бори за штедење, но и за работни места. Во однос на екологијата, францускиот претседател изјави дека нема да дозволи добивање гас од шкрилци на територијата на земјата, бидејќи тоа е поврзано со еколошки опасности.

Со „Fête nationale“ Франција го обележува почетокот на Француската револуција со заземањето на парискиот затвор Бастиља на 14. јули 1789 година. Годинава на парадата учествуваа помаку воени возила, авиони и хеликоптери во однос на мината година поради заштедите во буџетот на одбраната.

Сенка врз националниот празник фрли железничката несреќа во околината на Париз, во која во петокот шест лица го загубија животот. Освен тоа поединечни противници на неодамна усвоената одредба за дозвола за склучување истополови бракови ја попречуваа парадата со свирежи и извици на негодување кон претседателот.