1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Франција го потврди договорот со Либија

*

Францускиот министер за одбрана Херв Морин потврди дека Франција потпишала договор за продажба на оружје на Либија. Според информациите станува збор за антитенковски ракети и радиокомуникациски систем во вредност од околу 400 милиони евра. Претходно договорот го потврди и евроспкиот авио концерн ЕАДС, кој инаку е производител на ракетите. Францускиот претседател Никола Саркози демантираше дека зделката е поврзана со ослободувањето на петте бугарски медицински сестри кои во Либија беа осудени на смртна казна заради наводно намерно заразување на вирусот со СИДА на стотици деца.