1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Франција ги помага сириските бунтовници

Франција според дипломатски извори ги поддржува сириските градови кои се наоѓаат под контрола на бунтовниците. Арапската лига пак го повика сирискиот режим итно да прекине со насилствата

Според француски дипломатски извори, Франција пружа помош во областите каде контролата ја имаат бунтовниците. Притоа, се работи за повторното оспособување на системите за водоснабдување, како и за изградбата на пекарници и училишта, се вели од Париз. Не се наведува за кои градови се работи, туку само дека тие се наоѓаат во провинциите Идлиб, Алепо и Деир ас-Саур. Франција со тоа е првата западна земја која се реши на ваков чекор, велат дипломатските извори. Според нив, се разгледува можноста и за испорака на артилерија во областите кои се подолго под контрола на бунтовниците, но детали не се наведуваат.

Министрите за надворешени работи на земјите од Арапската лига пак, го повикаа сирискиот режим итно да прекине со насилствата и ги осудија убиствата на цивили, извршени како од владините сили, така и од опозицијата.

Во документот се апелира до Советот за безбедност на Обединетите нации да ги преземе сите неопходни мерки за изнесување пред Меѓународниот суд на сите кои извршиле злосторства против човештвото.

Министрите изразија и длабока загриженост поради влошувањето на хуманитарната состојба во Сирија. Катарскиот премиер Хамид бин Јасем, кој ја предводи министерската комисија за сириската криза, ќе разговара со новиот меѓународен претставник за Сирија Лахдар Брахими околу нови начини за прекин на страдањата на сирискиот народ.

Воено решение на конфликтот во Сирија е осудено на неуспех, изјави генералниот секретар на Арапската лига Набил ал Араби на крајот на средбата.