1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Франција ги повлече сите вооружени војници од Авганистан

Последните француски војници од НАТО-составот во Авганистан денеска (15.12) ја напуштија земјата. Во Авганистан остануваат 1.500 француски војници од неборбен состав, во најголем број во Кабул.

Последната група 200 француски војници од борбениот состав денеска го напушти Авганистан, две години пред завршување на мисијата на НАТО, која има 100.000 војници предводени од САД. Војниците се очекува да пристигнат во Франција на 18 декември, откако ќе минат три дена на медитеранскиот остров Кипар. Тие беа одговорни за надгледувањето на повлекувањето на француските трупи од 11-годишната војна.

letzte französische Kampftruppen verlassen Afghanistan

Останатите војници ќе треба да ја вратат опремата и ќе обучуваат авганистански војници

Во Авганистан останаа 1.500 невооружени војници, кои ќе се повлечат следната година и чија задача е да го обезбедат враќањето на опремата и да направат обука на авганистанската армија за преземање на одговорноста за безбедноста во земјата. Потоа во Авганистан ќе останат неколку стотини француски војници, кои ќе бидат одговорни за соработка меѓу двете земји и ќе бидат вклучени во мисија за обука.

Најголемиот број француски војници во Авганистан изнесуваше 4.000, со што беше петтиот контингент по големина во земјата по САД, Британија, Германија и Италија. Франција загуби во Авганистан 88 свои војници. По убиството на пет од нив во јануари, кога авганистански војник ги застрела нив, тогашниот претседател Никола Саркози објави дека мисијата таму ќе заврши на крајот на 2013-та година. Но, неговиот наследник Франсоа Оланд го забрза тој процес и и’ стави крај на воената мисија на крајот од годинава.