1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Франција во офанзива за спас на фирмите

Во борбата против замирањето на индустриските капацитети и невработеноста во Франција претседателот Франсоа Оланд презема акција со закон против затворање на фабриките.

Француското Национално собрание гласаше за закон за заштита на рентабилни индустриски капацитети на кои им се заканува затворање. За текстот од законот гласаа 285 пратеници, додека 214 беа против. Претпријатијата со повеќе од илјада вработени би требало да бидат обврзани, три месеци пред затворањето на всушност рентабилно производно место, да бараат купувач. Во спротивно, ќе следуваат парични казни. Доколку едно претпријатие не може да докаже дека вложувало доволно напор, му се закануваат казни од 20 пати од најниската плата од 1430 евра. Текстот на законот мора да биде усвоен и од страна на Сенатот.

Законот е именуван по традиционалното производствено место за челик во северот на Фрација, Флоранж. Таму социјалистичката влада на претседателот Франсоа Оланд ги вложи сите средства за одржување на гигантот во челичната индустрија „АрчелорМитал“, но залудно. Уште тогаш, во изборната кампања 2012 година, Оланд вети закон кој би требало да ги принуди претпријатијата едноствано да не ги затвораат индустриските капацитети, туку да се грижат за зачувување на работните места.

Законот кој го усвои Националното собрание меѓутоа не оди толку далеку колку што Оланд првично ветуваше. Министерот за финансии Пјер Московиси предупреди дека би морало да се најде „одговорен компромис“ меѓу заштитата на индустриските капацитети и актрактивноста на Франција како место за производство.

Конзервативната опозиција го отфрли законот како „контрапродуктивен“ и стравува дека тоа би можело да ги одврати инвеститорите. Комунистите и Партијата на левицата, напротив, сметаат дека законот не е доволно силен: наместо да се спречи затворањето на капацитетите сега во тоа се „соучевствува“.