Франција – Белгија - парламентарни избори | Вести | DW | 10.06.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Франција – Белгија - парламентарни избори

*

Пет недели по изборот на Никола Саркози за претседател, во Франција се одржува првата рунда од парламентарните избори. Повеќе од 44 милиони Французи треба да го дадат гласот за составот на Националното собрание кое брои 577 места. Според истражувањата на јавното мислење, партијата на Саркози, УМП, е јасен фаворит.

Нов парламент денеска се избира и во Белгија. Опозиционите христијански демократи важат за фаворити. Премиерот Ги Ферхофстад , според анкетите, има мали шанси да обезбеди и трет мандат.