1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Франција бара хуманитарна зона во Сирија

Франција е првата западна земја која предложи директен ангажман во кризата во Сирија.

default

Насилство во Сирија

Франција е првата западна земја која јавно повика на меѓународна интервенција во Сирија. Шефот на француската дипломатија Алан Жипе побара формирање на безбедносна хуманитарна зона во која би се заштитиле цивилите во земјата и оцени дека опозицискиот сириски Национален совет е легитимен партнер за соработка. Жипе, сепак, отфрли можна воена интервенција.

Арапската лига претходно ја суспендираше Сирија од членството, откако повеќе од 3.500 луѓе беа убиени во повеќемесечните продемократски протести.

Засега нема други детали за францускиот план. Западните земји воведоа серија санкции против владата на Башар Ал Асад во Сирија, но одбиваа интервенција од било каков вид во земјата.

Автор: БГ/ дв

Редактор: Симе Недевски

Поврзана содржина