1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Франциско Толедо добитник на Алтернативна Нобелова награда.

Mексиканскиот уметник ја заслужи наградата поради дејствувањето во заштитата на културното наследство во неговата родна земја Оаксака

default

Наградата која ја воспоставил германско-шведскиот колекционер на поштенски марки и филантроп Јаков фон Икскул како пандан на вистинската Нобелова награда , на мексиканскиот уметник му се доделува поради неговата работа во заштитата на културното наследство во неговата родна земја Оаксака , која што всушност е и сојузна држава во Мексико. Тој според објаснувањето одиграл значајна улога во заштитата на архитектоснкото и културното наследство но и природната околина и животот на заедницата“ во Оаксака , која е карактеристична по архитектурата од ерата на колонијализмот и пред се домородната мексиканско индијанска култура.

Инаку Јакоб фон Икскул во 1980 година ја востановил Вистинската награда за животно дело , како што гласи вистинското име на „Алтернативната нобелова награда“ бидејќи сметал оти Нобеловите награди за мир , лидература , наука, медицина и економија , игнорираат голем број модерни глобални прашања.

Покрај мексиканскиот уметник Толедо годинешниве Алтернативни Нобелови награди кои со себе носат и парична вредност од околу 260 илјади долари им беа доделени и на активистите за заштита на животната средина Мод Барлоу и Тони Кларк од Канада , на активистката за заштита на човековите права од Малезија Ирен Фернандез како и на организацијата Првите луѓе од Калахари и нејзиниот основач Рој Сесана од Боцвана.