1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

„Франс фудбал“: Катар ја „купил“ организацијата на СП

Организацијата на Светското фудбалско првенство што треба да се одржи 2022 година, Катар ја добил на нечесен начин, тврди спортскиот магазин „Франс фудбал“.

default

Од „Франс Фудбал“ тврдат дека поседуваат документи, според кои Катар во намерата да биде домаќин на Мундијалот 2022, поткупил неколку значајни личности од Светската фудбалска асоцијација - ФИФА.

Меѓу засегнатите од оваа афера се спомнува и името на претседателот на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), Мишел Платини. Од „Франс фудбал“ изјавија дека целиот материјал со доказите што ги поседуваат ќе ги испратат на адресата на ФИФА. Изборот на Катар за домаќин на Светското првенство 2022 предизвика многу чудење и полемики.

Веднаш по објавување на веста за изборот на оваа азиска држава, почнаа да се шират гласини за нечесни игри при доделувањето на организацијата на најголемиот светски фудбалски настан, на една „нефудбалска“ земја.

Michel Platini UEFA EM 2020

Мишел Платини

Според „Франс фудбал“, премиерот на Катар во Париз имал средба со тогашниот француски претседател Никола Саркози и со Платини, на која било договорено Катарците да го превземат финансирањето на најпопуларниот француски клуб Пари Сен Жермен, а и да потрошат голема сума на пари за телевизиските права на француското фудбалско првенство – Ле шампионат, а за возврат да го добијат гласот на Платини.

Платини за „Франс фудбал“ потврдил дека имал средба со катарскиот премиер, но негира дека било побарано од него својот глас да му го даде на Катар.

„Бев повикан во кабинетот на претседателот Саркози, каде имавме средба со премиерот на Катар, но во ниту еден момент од мене не беше побарано својот глас да го дадам за Катар. Јас гласав за Катар бидејќи сметав дека светското првенство треба да се одржи во тој дел од светот“, рекол Платини.