1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Франсоа Оланд се раздели од првата дама

По компромитирачките фотографии за наводна љубовна афера на францускиот претседател, Франсоа Оланд официјално го соопшти раскинувањето на врската со својата животна сопатничка, Валери Триевиелер.

Претседателот Франсоа Оланд официјално ја соопшти разделбата од својата долгогодишна животна сопатничка Валери Триервеилер (на насловната фотографија) Веста која ја пренесе новинската агенција АФП се очекуваше и само ги потврди шпекулациите во медиумите по откривањето на врската меѓу Франсоа Оланд и актерката Жули Гаје на почетокот од годинава.

59-годишниот претседател уште претходно призна постоење проблеми во врската со 10 години помладата Валеруи Триевеилер, зборувајќи за тешки моменти: „Секој во приватниот живот поминува низ тешки времиња“, изјави тој и најави дека ќе ја разјасни ситуацијата во неговиот приватен живот пред заминувањето во САД, каде е поканет од семејството Обама.

Angebliche Affäre von Francois Hollande mit der Shauspielerin Julie Gayet

Франсоа Оланд и актерката Жули Гаје

Неколку часа откако нејзиниот партнер Франсоа Оланд соопшти дека веќе не се двојка, Валери Триервеилер на Твитер му се заблагодари на персоналот на Елисејската палата.

„Искажувам почит кон исклучителната екипа на Елисејската палата“, напиша 48-годишната доскорашна прва дама на Франција.

„Никогаш нема да ја забравам неговата преданост и емоционалност во моментот на моето заминување“, додаде таа.

Во средината на јануари магазинот „Клосер“ објави неколку фотографии за наводна љубовна афера на францускиот претседател со француската актерка Жули Гаје. По првите извештаи за аферата, Валери Триевеилер неколку дена помина во болница.

Пред врската со Валери Триевеилер, Франсоа Оланд долги години беше заедно со Сеголен Ројал. Со кандидатката на Социјалистите за претседателки кандидат во 2007. година тој има четири деца. Ројал ја соопшти разделбата од Оланд директно по нејзиниот неуспех против кандидатот на конзервативците, Никола Саркози.