1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Франсоа Оланд во посета на Мали

Висока посета на француските трупи во Мали: францускиот претседател Франсоа Оланд допатува во оваа африканска земја. Од таму се’ позачестено стигнуваат информации за злосторства.

Три недели по почетокот на интервенцијата на француската армија во Мали, претседателот Франсоа Оланд допатува во посета на француските трупи во оваа западноафриканска земја.  Франсоа Оланд го придружуваат министерот за надворешни работи Лорен Фабиус и министерот за одбрана  Жан Ив Ле Дриан. Еднодневната посета започна во пустинскиот град Тимбукту, кој беше осолободен од исламистите. Оланд на војнициите сака да им изрази поддршка и да ги охрабри. Франција заедно со трупите на Мали веќе три недели се бори против бунтовниците на северот на оваа земја.

Französischer Militäreinsatz in Mali

Француските трупи интервенираат во Мали

Претседателот на Франција меѓутоа при посетата ќе се интересира и за политичкиот дијалог по борбата против тероризмот. На оваа тема треба да ги води разговорите со преодниот претседател Динкоунда Траоре во главниот град Бамако.

Во меѓувреме ОН реагираа со вознемирување на информациите за линчувања и убиства при  напредувањето на армијата на Мали. Постојат „сериозни обвинувања“ за масовни егзекуции од страна на армијата на Мали како и други повредеи на човековите права, изјави специјалниот известувач на ОН за спречување на геноцид, Адама Диенг. Освен ова постојат и укажувања дека припадниците на Туарег и арапската заедница во Мали биле линчувани од страна на населението и нивниот имот бил ограбен, истакна Диенг.

Специјалниот известувач на ОН ја повика армијата на Мали да го штити целото население без оглед на расата или етничката припадност.

Франција на 11. јануари воено интервенираше во Мали за да спречи напредување на исламситите, кои ја преземаа контролата на северот на земјата. Оттогаш амијата на Мали ја поврати контролата во многу области.