1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Франк Валтер Штајнмаер во Израел

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер, во рамките на неговата турнеја по Блискиот исток води политички разговори во Ерусалим. Утрово се сретна со израелскиот премиер Ехуд Олмерт и министерката за надворешни работи Ципи Ливни. На разговорите стана збор за палестинско израелскиот конфликт. Турнејата на Штајнмаер продолжува во Саудиска Арабија.