1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Франк Валтер Штајнмаер во Ерусалим

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер, во рамките на неговата турнеја по Блискиот исток се информираше околку ситуацијата во Голанската висорамнина. Висорамнината која е важна и поради снабдувањето со вода на регионот, Израел ја има окупиранио уште во 1967 година. Соседна Сирија бара да и се врати висорамнината. По неговата посета, Штајнмаер истакна дека за Голанската висорамнина решение на повидок нема. Во момнетов на преден план се изралеско палестинските разговори. Денеска министерот Штајнмаер ќе води политички разговори во Ерусалим. Штајнмаер ќе се сретне со премиерот на Израел Ехуд Олмерт.Турнејата на Штајнмаер продолжува во Саудиска Арабија.