1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Фотографија на денот: Трка со кајаци од тикви

На нашата #ФотографијаНаДенот двајца натпреварувачи во натпреварот со тикви-кајаци во Фамбах.

Крајот на летото е време на тикви. Време кога во Германија се одржуваат најразлични натпревари со тикви, меѓу кои и натпреварот со тикви-кајаци. Во Фамбах годинава околу 50 натпреварувачи се обидуваа да стигнат први на целта. Притоа, за кајак не е соодветна која било тиква, туку таа мора да биде од сортата на џиновски тикви „Атлантик Џајант“, како овие на нашата #ФотографијаНаДенот. Таква тиква не можете да купите на пазар, велат одгледувачите. И не е чудо, со оглед на тежината од најмалку 320 килограми. А, кога сме веќе кај тежината на тиквите: во Фамбах се одржа и натпревар за најтешка тиква. Победи тиквата на Андре Гајст, која тежеше ни помалку, ни повеќе, туку цели 635,5 килограми!