1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Фотографија на денот: Полицајци на сегвеј

Во патрола на сегвеј: полицијата во Фрајбург два месеца тестира како функционира патролирањето низ старото градско јадро на електричните скутери на две тркала.

Во тест-фазата се вклучени 25 полицајци. Меѓу нив и Матијас Енглер и Јанка Шмит, јунаците на нашата #ФотографијаНаДенот. Сегвејот кој го користи полицијата во тест-фазата достигнува брзина од 20 километри на час. Намерата на полицијата е да се затвори празнината меѓу патролирањето пеш и со автомобил.