1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Фотографија на денот: подготовки за 184. Октоберфест

Оваа #ФотографијаНаДенот е снимена во баварскиот главен град Минхен, каде во полн ек се подготовките за годинешното издание на најпрочуениот фестивал на пивото во светот.

Почна одбројувањето до најголемиот народен панаѓур во светот- Октоберфест. Работници во еден од големите шатори за Октоберфест, кои традиционално се поставени на Терезиенвизе (Терезината ливада), монтираат светилки под „небесната“ покривна конструкција. Годинешниот фестивал на пивото во баварскиот главен град Минхен започнува на 16 септември а ќе трае до 3 октомвр, период во кој милиони посетители ќе испијат милиони литри пиво и ќе изедат безброј колбаси и переци.