1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Фотографија на денот: Новогодишен геврек

Според стар обичај во јужна Германија, на почетокот на годината се јадат гевреци, што наводно носи среќа и здравје.

Со Новата година во Германија се поврзани многу обичаи. На #ФотографијаНаДенот: пекарот Волфганг Пфајфле од Фрајбург, според стариот обичај во јужна Германија, на почетокот на годината пече вакви гевреци во мала и голема форма, а нивното јадење, барем така гласи верувањето, донесува среќа и здравје во Новата година.