Фотографија на денот: Жените во Саудиска Арабија првпат на стадион | Свет | DW | 13.01.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Фотографија на денот: Жените во Саудиска Арабија првпат на стадион

Оваа фотографија е исклучителна: првпат во историјата на Саудиска Арабија жени следат фудбалски натпревар на стадион.

На стадионот, на кој се играше натпреварот меѓу Ал Ахли и Ал Батин, вчеравечер за семејства беа резервирани 14.000 места. Натпреварот заврши со победа на Ал Ахли од 5:0. Под резултатот на интернет корисниците постираа и „Жени 1 - Мажи 0“.

Во текот на наредните денови жените смеат да следат уште два натпревара во Ријад и Дамам. Отворањето на стадионите за жените е дел од низата општествени реформи во исламско-конзервативната земја.