1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Фотографија на денот: Ден на насмевката

Денеска е Денот на насмевката. Идејата за ваков ден потекнува од Харви Бол, кој важи за татко на „Смајли“.

Харви Бол во декември 1963 година добил задача да направи беџ за осигурително друштво за мотивација на вработените. Графичарот нацртал круг, го обоил жолто, ставил две точки и полукгруг и „Смајли“ бил роден. Тој толку брзо станал популарен, што стекнал светска популарност само неколку месеци потоа. Бол за својата работа добил 45 американски долари.