1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Фотографија на денот: Гуми од глуварче

Од руско глуварче, кое го гледате на #ФотографијаНаДенот на една експериментална површина кај Анклам, во покраината Мекленбург Предна Померанија, производителот на гуми, Континентал, планира да добие природен каучук.

Од руско глуварче, кое го гледате на денешната #ФотографијаНаДенот на една експериментална површина кај Анклам, во покраината Мекленбург Предна Померанија, познатиот производител на гуми, Континентал, планира да добие природен каучук. Континентал има намера да инвестира 35 милиони евра и со помош на процес разработен од научниците од Фраунхофер- институтот за молекуларна биологија и применета екологија, да започне сериско производство на гуми од природен каучук.