Фотографија на денот: Будење на пчелите | Панорама | DW | 06.03.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Фотографија на денот: Будење на пчелите

Цврстиот стисок на сибирската зима речиси целосно попушти во Германија. Привлечени од топлината пчелите тргнаа во потрага по итно неопходната храна.

На оваа  #ФотографијаНаДенот направена на бледо попладневно сонце се гледа токму како една пчела се враќа во својата кошница по успешната потрага по животно важниот нектар. Фотографијата е направена на една ливада во близина на германскиот град Франкфурт на Мајна.