1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Фотографија на денот: Алстерските лебеди одат на презимување

Зимата наближува, температурите паѓаат, време е да се замине на потопло. „Таткото на лебедите“ Олаф Нис од водите на реката Алстер извади 120 лебеди и ги пресели во Милентајх, каде ќе бидат до март.

Во Милентајх површината на водата не замрзнува сосема поради тоа што преку подводни пумпи се овозможува циркулирање на топла вода од дното кон површината на езерцето.

„Многу од лебедите поради бурите од последните недели се заминати во околните канали“, вели „таткото на лебедите“ Олаф Нис. Затоа тој мора да ги „лови“ еден по еден со денови.

Во Хамбург постои работно место за лице кое се грижи за лебедите уште од 17 век, кога градските татковци прекинале со обичајот лебеди да чуваат само кнезовите и кралевите. До денес е жива легендата, според која Хамбург може да си го задржи статусот на слбоводен град онолку долго колку што ќе се одржат лебедите во Алстер.