1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Форум на апели наместо решенија

Денеска во швајцарското одморалиште Давос завршува Светски економски форум 2009. „Обликување на светот по кризата“ гласеше самозададената цел на форумот. Меѓутоа, средбата не понуди нови рецепти за излез од кризата.

default

Не зачудува тоа што една од звездите на овој Светски економски форум беше економистот Нуриел Рубини. Тој е познат како „Доктор Дум“ или како претскажувач на пропаста. Уште во 2006 година тој предвиде дека балонот од сапуница на пазарот на недвижнини во САД ќе се распрсне и оти светот се наоѓа пред тешка рецесија.

„Доктор Дум“ порачува: кризата ни од далеку не е надмината“

Само што тогаш во Давос никој не сакаше да му верува. Како на пример, Џејкоб Винкел, заменикот-шеф на големата американска осигурителна куќа „АИГ“, која беше спасена од банкрот со државна инјекција од десетици милијарди долари.

Nouriel Roubini

„Доктор Дум“- Нуриел Рубини, професор по економија на Унирвезитетот за меѓународен бизнис во Њујорк

Во 2009 Френкел го ревидираше својот став. „ Верувам дека овде станува збор за системска криза и сега апсолутно се согласувам со анализата на Нуриел Рубини“, изјави Винкел.

А Рубини и оваа година остана верен на својата репутација. Тој порача дека кризата уште долго нема да биде надмината.

„ Загрижен сум дека имаме глобална рецесија, која би можела да доведе до депресија, период на стагнација. Ние се наоѓаме во ваква криза која не е само економска и финансиска туку е и социјална криза. Во некои земји ќе дојде до социјален бунт. Мораме да сфатиме дека оваа криза е многу тешка и поради тоа мора да бидат донесени исправни политички одлуки“, порача Рубини.

Проблемот е во системот

Едно друго веројатно уште пофрапирачко сознание во Давос беше следново: за раководните структури во многу банки, комплицираните финансиски

Weltwirtschaftsforum Davos Ban Ki Moon

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун побара од учесниците во Давос да им посветат поголемо внимание на сиромашните

инструменти навистина биле едноставно преголем залак и тие не знаеле какви се ризиците.

Џејкоб Френкел од „АИГ“ со разоружувачка отвореност во Давос призна:

„ Верувам дека ниту еден член на Управниот одбор не знаеше, ниту сфаќаше со какви ризици сме соочени. Ако сега се појде од тоа дека сите тие се сериозни луѓе, тогаш проблемот треба да се бара во системот“, истакна Френкел.

Но во Давос не требаше да биде направена само анализа на она што се случило туку требаше да бидат одредени и правците за тоа како да се оформи светот по кризата. Меѓутоа, како треба да изгледа тоа?

Во повеќе наврати се зборуваше за меѓународната соработка. Британскиот премиер Гордон Браун, на пример, истакна дека програмите за поттикнување на конјунктурата имаат смисол само ако ги спроведуваат што е можно повеќе земји и дека мора да бидат најдени нови правила на меѓународно ниво за финансиската индустрија.

За одлуки треба да се сочека Светскиот економски самит во Лондон

„ Ние имаме глобален финансиски систем,

Gordon Brown Britischer Schatzmeister

Британскиот премиер Гордон Браун во април ќе биде домаќин на Светскиот финансиски самит

но немаме глобална контрола. Четири точки мора да се променат: потребен ни е систем за предупредување, за да се спречат кризите, потоа мораме хаосот на национална регулација да го замениме со меѓународна контрола, потребни ни се меѓународни стандарди за транспарентност и мораме да ги зајакнеме меѓународните институции“, рече Браун.

Една таква институција би бил Меѓународниот монетарен фонд, кој според мислењето на многумина учесници во Давос мора да биде зајакнат.

Овие рецепти меѓутоа не се сосема нови, а пред се’ тие воопшто не се конкретни. На пример како ММФ конкретно би можел да биде зајакнат или зошто највлијателните земји во светот би требало да и отстапат моќ на некоја меѓународна институција за контрола на финансискиот систем. Ваквите прашања останаа неодговорени во Давос.

И така Давос 2009 остана форум на апели, апели кризата да се искористи како шанса, државните милијарди од конјунктурните пакети да се вложат во програми за заштита на животната средина и да се мисли на сиромашните.

Одлуки можеби ќе следуваат во април на Светскиот финансиски самит во Лондон.

DW.COM