1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Форум Европа – Африка

Развојот на Африка ќе се најде во фокусот на годинашниот самит на Групата 8 во Хајлигендам. Нема да биде првпат: Пред две години Африка исто така беше на врвот на самитот во Глениглс кога беше решено да се удвои развојната помош, а на најсиромашните во светот да им се помогне да ги намалат долговите.

Партнерство со Африка, но што е со ветувањата?

Партнерство со Африка, но што е со ветувањата?

Меѓутоа, критиките се насочени кон неодржувањето на ветувањата. За да не се повтори Глениглс, во Берлин се состанаа Африканците и Европејците на партнерскиот форум за Африка на кој се обрати германската канцеларка Ангела Меркел, инаку домаќин на самитот на Г-8:

„Знаеме дека станува збор за веродостојност. Затоа ќе неправиме се да ги оствариме целите. Тие се амбициозни, но знаеме и што би се случило ако не се исполнат„.

Претседателот на Боцвана Фестус Могае укажа на еден посебно специфичен факт во последниов период: Европејците треба да ја исползуваат шансата што им ја нуди Африка и помалку да се чудат за настапот на Кина на континентот:

„Една работа што не ја разбирам и затоа ја отфрлам, е возбудата околу ангажманот на Кина во Африка. Кина едноставно покажува рационален економски однос. Има голема потреба од суровини и затоа се обидува да се обезбеди. И тоа го прави на свој начин„.