1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Форум - Блед

*

На Блед денеска продолжува стратешкиот форум посветен на интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ, на кој учествуваат околу 400 политичари, научници и претставници на меѓународни организации од 50 земји. Словенечкиот премиер, Јанез Јанша, изјави дека распоредот на проширување на унијата ќе биде една од главните задачи на словенечкото претседателство со ЕУ кое почнува во јануари. Македонскиот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, денеска во говорот пред учесниците на форумот рече дека досегашните постигнувања на Македонија се повеќе од доволна гаранција за завршување на преостанатите обврски, без да се наруши динамиката на процесот на интегрирање во унијата, а уште помалку да се наруши квалитетот на реформите. Македонскиот премиер, Никола Груевски, вчера на форумот на Блед, нагласи дека без Западниот Балкан Европа нема да биде целосна и дека за иднината на ЕУ клучно е прашањето на Косово.

Специјалниот пратеник за Косово на генералниот секретар на ОН, Марти Ахтисари, на Блед оцени дека ЕУ има клучна улога во решавањето на статусот на Косово. Нерешениот статус на Косово го загрозува напредокот на Западниот Балкан и останува уште последниот дел во распадот на поранешна Југославија, рече Ахтисари. Српскиот министер за надворешни работи, Вук Јеремиќ, кому не му беше дозволено да реагира на говорот на Ахтисари, во знак на протест ја напушти свечената вечера приредена во чест на учесниците на форумот на Блед.