1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Форум Блед – Груевски

*

На Блед почна стратешкиот форум посветен на интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ и прашањето на Косово. На форумот учествуваат околу 400 политичари, научници и претставници на меѓународни организации од 50 земји. Словенечкиот премиер, Јанез Јанша, изјави дека распоредот на проширување на унијата ќе биде една од главните задачи на словенечкото претседателство со ЕУ кое почнува во јануари. Македонскиот премиер, Никола Груевски нагласи дека без Западниот Балкан Европа нема да биде целосна и дека за иднината на ЕУ клучно е прашањето на Косово. Според Груевски, решението на статусот на Косово не е лесна задача, но не е и невозможна. Специјалниот пратеник за Косово на генералниот секретар на ОН, Марти Ахтисари, на форумот на Блед оцени дека ЕУ има клучна улога во решавањето на статусот на Косово. Нерешениот статус на Косово го загрозува напредокот на Западниот Балкан и останува уште последниот дел во распадот на поранешна Југославија, рече Ахтисари. Српскиот министер за надворешни работи, Вук Јеремиќ, кому не му беше дозволено да реагира на говорот на Ахтисари, во знак на протест ја напушти свечената вечера приредена во чест на учесниците на форумот на Блед.