1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Формула 1: М. Шумахер супериорен

Може ли некој во оваа сезона во автомобилизам формула еден да го запре светскиот првак Михаел Шумахер?

Бахреин за прв пат домаќин на формула 1

Бахреин за прв пат домаќин на формула 1

Во светското првенство во “кралската класа” во автомобилизмот – формула еден, веќе по првите три трки се заканува тешка монотонија: и во Бахреин се потврди - тимот на “Ферари” и светскиот првак Михаел Шумахер не им даваат никакви шанси на конкурентите, уште повеќе што и вториот возач на тимот Барикело е веднаш зад победникот. Причини за радост има само Џенсон Батон и неговиот тим БАР Хонда, со третото место - втор таков пласман во годинашново првенство. Причини за особена загриженост, пак, има Мекларен Мерцедес – Кими Рајконен по трет пат последовно не успева поради дефект да ја заврши трката, а овој пат тоа не му појде од рака ни на Култхард. Трагичар на денот е Хуан Пабло Монтоја, возач на Вилијамс, кој наместо на подиумот, на крајот одвај се дотркала до целта поради дефект на менувачот.

Малку и за еден спорт за кој поретко се наоѓа место во прегледите на настаните: германските џудисти на квалификационите турнири во Талин и Минск обезбедија 9 места за настап на олимпијадата во Атина. Наредната шанса за преостанатите кандидати е претстојното европско првенство. “Се разбира дека во потсвест постојано стои оти олимпијадите се одржуваат еднаш на 4 години и за секој спортист тоа е најголемото нешто во кариерата. Веројатно сега со уште поголем елан ќе и’ пријдеме на работата”, вели Флоријан Ванер, светски првак во категоријата до 81 килограм.