Формирана нова политичка партија - ПЕП 21
15 јуни 2013
Во соопштението на новата партија, меѓу другото, се вели:
„Ова е самостојна, доброволна, демократска, граѓанска партија, отворена за сите оние кои сакаат да пристапат во неа и сакаат да дадат свој придонес преку свои проекти, програми, идеи, ставови и мислења. Економските прашања, односно заложбите и преземањето на активности за позитивни промени во економијата е приоритет во програмската платформа и политика на Партија за Економски Промени 21.“
Од новата партија истакнуваат дека ќе се залагаат за фер и пазарно модерна економија, која ќе тежнее кон што поголема вработеност и повисоки плати. Основачи на Партијата за Економски Промени 21, како што се вели, се граѓани коишто се познати и успешни во своето поле на работење, делување и живеење, но кои досега не биле политички јавно експонирани. Билјана Јовановска порано беше член на ВМРО-НП и на Обединети за Македонија.