1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Формална рамноправност на жените во цел свет

Она што звучи разбирливо само по себе за Западот, отсега треба да важи насекаде: ОН им гарантираат на жените во цел свет еднакви права со мажите. Согласноста беше постигната во последна минута.

На Конференцијата на ОН за жените во Њујорк две недели околу две илајди претставници на 193 земји членки на ОН и на шест илјади невладини организации напорно преговараа. Кратко пред завршувањето на конференцијата, противниците и заговорниците на еднаквоста на половите постигнаа согласност за заедничка декларација. Со неа државите се обврзуваат на почитување на правата на жените и девојчињата исто како и на мажите и момчињата. Државите треба да ги сменат дискриминирачките закони и да ја сузбиваат праксата на домашно насилство против жените. Освен тоа, останува задржано правото на сексуално самоопределување на сите луѓе и на гинеколошки прегледи. Во иднина убиствата на жените поради т.н. заштита на честа ќе се сметаат за „фемицид“.

One Billion Rising Aktion gegen Gewalt gegen Frauen

Демонстрации против насилството кон жените во Индија

Отпор од муслиманите, Русија и Ватикан

На одредбите на декларацијата се спротиставуваа повеќе муслимански земји како Иран, Либија и Судан, но и Русија и Ватикан. Посебен отпор постоеше против одредбата дека употребата на сила кон жените не смее да се оправдува со обичаи, традиции или верски погледи. Некои од овие земји се противеа и на правото на абортус, а и на одредбата според која принудувањето на секс на својата жена од страна на мажот во бракот се признава како силување.

Скандинавските држави, меѓу кои Норвешка и Данска, пак, во ваквите случаи бараа уште построги формулации. За да се постигне единство, тие се откажаа во декларацијата да биде внесен текстот за правото на хомосексуалност. Германскиот амбасадор во ОН Петер Витиг резултатот на Конференцијата на ОН за жените го оцени за „избалансиран и јасен“. Тoј „сигнализира итно потребна порака до сите жени во целиот свет: вашите права се значајни“.