1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Форлан му ја донесе титулата на Атлетико

Шпанскиот фудбалски клуб Атлетико Мадрид е прв освојувач на шампионскиот пехар во нововостановената Европа Лига. Атлетико во возбудливото финале во Хамбург во кое се играа и продолженија го совлада Фулам со 2:1.

default

Диего Форлан при постигнувањето на првиот гол за Атлетико

Фудбалерите на Атлетико Мадрид влегуваат во историјата како први освојувачи на пехарот во новото натпреварување, Европа Лига, која го наследи Купот на УЕФА.

Првото финале во Европа Лигата се одигра на „Нордбанк Арената“ во Хамбург.

Fußball FC Fulham Atletico Madrid Mai 2010

Форлан го постигнува победоносниот гол

Јунак на натпреварот беше уругвајскиот репрезентативец Диего Форлан, кој беше стрелец на двата гола за Атлетико . Шпанскиот тим поведе со голот на Форлан во 32-та минута,крунисувајќи ја подобрата игра на почетокот на натпреварот. Меѓутоа, пет минути подоцна англискиот клуб Фулам преку Сајмон Дејвис го изедначи резултатот на 1:1. Резултатот остана таков и по 90 минути игра.

Прв европски трофеј за Атлетико по 48 години

Победоносниот гол Форлан го постигна на асистенција на Серхио Агуеро во 116-та минута.

Fußball FC Fulham Atletico Madrid Mai 2010

Британскиот актер Хју Грент верен навивач на Фулам го следеше натпреварот на стадионот во Хамбург

„ Се‘ уште не сме свесни каков успех постигнавме, но ќе сфатиме наскоро. Го заслуживме пехарот, бидејќи вечерва бевме подобар противник од Фулам. Победата им ја посветувам на семејството и навивачите. Имаме малку време за славење, а потоа треба да мислиме на финалето на „Кралскиот Куп“, изјави стрелецот на двата гола Форлан по синоќешниот натпревар.

Ова е прв европски трофеј за Атлетико Мадрид по освоениот Куп на победниците на куповите во сезоната 1961/62. За англискиот премиерлигаш Фулам ова беше прво големо финале во европските купови.

Автор:СН/ЖА/миа/ дв

Редактор: Жана Ацеска