1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Форбс: Обама највлијателен, Меркел втора

Американскиот претседател Барак Обама втора година по ред е прв на листата на „Форбс“ на највлијателни луѓе во светот. Веднаш зад него е германската канцеларка Ангела Меркел.

default

Одлуката за Барак Обама како нејвлијателен човек во светот „Форбс“ ја образлага со тоа што тој е „Врховен командант на најголемата армија во светот и лидер на економската и културна супер сила во светот“. Ангела Меркел годинава се искачи од четврто на второ место на листата, поради тоа што таа претставува „‘рбетен столб на ЕУ“. Зад Меркел, на трета позиција е рускиот претседател Владимир Путин. Четвртото место е резервирано за основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, а пото аследува папата Бенедикт 16-ти.

На шесто место е претседателот на американската централна банка Бен Бернанке. Францускиот претседател Франсоа Оланд е на 14-то место. Во ранкингот, меѓу останатите Европејци, се и гувернерот на Европската централна банка, Италијанецот Марио Драги (осмо место), британскиот премиер Дејвид Камерон (10-то место), италијанскиот премиер Марио Монти (29-то место) и шефот на француската компанија Ел Ве Ем Аш, Бернард Арно (56-то место).

Шефицата на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард е на 38-то место. Најмлад на списокот е основачот на Фејсбук, Марк Закерберг, кој се наоѓа на 25-то место, откако минатата година заврши на деветото место. Медиумскиот магнат Руперт Мардок е на 26-то место.

Во подготвувањето на овој список, составен од 71 личност, списанието „Форбс“ користи неколку фактори - бројот на луѓето над кои личностите имаат власт, финансиските ресурси што тие ги контролираат, дали овие личности имаат влијание во повеќе сфери и начинот на кој личностите ја спроведуваат својата власт.