1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

„Фолтин“ ги воодушеви Французите

Во рамките на прославата на 40-годишнината од збратимувањето на Битола и Епинал, групата „Фолтин“ во најубаво светло се претстави во францускиот град. Музичарите од Битола стекнуваат се поголеми симпатии во странство.

default

Македонската група „Фолтин“ во метрополата на културата - Париз

Групата „Фолтин“ во францускиот град Епинал ја претстави Битола, и македонската музичка сцена. Пред гостувањето во Епинал, бендот имал концерт на Корзика, а неколку пати настапувал и на париската сцена. Нивните гостувањата низ балканските земји повеќе не се ни бројат. По концертот во Епинал, членовите на групата: Пеце Николовски, Славчо Јовев, Бранко Фолтин, Гоце Јовановски, за Дојче Веле, низ шега изјавија дека нивниот успех се должи на „работа, работа и само работа“.

Спонтано „Есперанто“

„Фолтин“ едноставно не можат да се дефинираат. Нивната музика е надреална, страствена и духовна. Таа се карактеризира со френетична атмосфера, која завршува со пеколен ритам.

Frankreich Paris Stadt Arc de Triomphe

„Фолтин“ повеќепати гостувале на музичката сцена во Париз

„Добро е да се биде недофатлив. Тука има определена мистика, егзотика, нешто што луѓето допрва треба да го научат, А и на нас самите тоа ни’ е интересно бидејќи се движиме цело време и не се задржуваме долго на еден стил. Мислиме дека тоа на луѓето им е интересно. Голем дел од нашата програма е театрална, немаме проблем со јазична бариера“, велат членовите на „Фолтин“.

Јазикот на кој пеат е мешавина составена од фонетска имитација на јазиците од сите страни на светот, како на пример шпанскиот, францускиот, романскиот или португалскиот итн. Вистинско спонтано „Есперанто“.„Нема потреба да бидеме дефинирани. Имаме разни влијанија и тоа се рефлектира врз нашата музика и творештво. А ако треба конкретно да го дефинираат нашиот стил, тогаш можат да не стават во Ворлд музик, Њу ејџ, Електро панк“, заклучуваат членовите на „Фолтин“.

Генијално и оригинално

Иако ги користат основните инструменти, нивниот пристап е во создавањето на оригинален и изненадувачки амбиент. Публиката излегува воодушевена од концертите.

„Тие се супер, за мене тие се вистинско откритие на многу светови, тие создаваат празнична и топла атмосфера со многу хумор, накратко прекрасно е да се видат на сцена.“

Bitola Sirok Sokak, Mazedonien

Битола

„Од време на време тие се во музичките рамки и наеднаш го прекинуваат ритамот и на крајот успеваат сите заедно да се најдат. Тоа ми се допадна многу“.

„Беше генијално и многу оригинално, ни го доловија духот на Балканот, беше симпатично и поминавме прекрасна вечер“, ги искажуваат своите впечатоци некои од нивните нови фанови во Франција.

Без вистински менаџери, „Фолтин“ гостуваат таму каде што ќе бидат поканети. Наскоро тие ја планираат првата турнеја во Франција и не кријат дека ќе бидат задоволни ако бидат поканети да настапат и на германските сцени.