1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

„Фолксваген“ и’ пркоси на кризата

И покрај еврокриза и големите попусти, автомобилскиот концерн „Фолксваген“ се движи кон остварување на нов продажен рекорд. Европскиот автомобилски пазар меѓутоа бележи негативен тренд.

Од почетокот на годинава се испорачани 7,5 милиони возила, десет проценти повеќе од предвиденото, соопшти денеска во Волфсбург автомобилскиот концерн „Фолксваген“. Два месеца пред крајот на годинава се чини дека границата од девет милиони продадени возила е на дофат. Во изминатата година најголемиот европски производител на автомобили продаде 8,3 милиони автомобили ширум светот.

На најголемиот пазар за автомобили во Кина, производителот „Фолксваген“ во октомври годинава испорача околу 2,3 милиони возила - тоа е плус од 19,6 проценти. Во САД, каде „Фолксваген“ со месеци бележи пораст, испорачката се зголеми за повеќе од една третина. Во Источна Европа се бележи зголемување за една петина, додека во Русија за 47 проценти.

VW Kleinwagen Wolfsburg

За 11 месеци во годинава се испорачани 7,5 милиони возила на Фолксваген

Европскиот пазар стагнира

Додека трговијата во Кина и САД бележи позитивен тренд, автомобилскиот пазар во Европа стагнира. Надолниот тренд продолжи и во октомври, иако поспоро отколку претходните месеци. Во споредба со истиот месец минатата година, според Европското здружение на автопроизводители (ACEA) бројот на новорегистрирани возила е намален за 4,8 проценти на 959.000 возила. Голем пад е регистриран во Италија, односно минус 12,4 проценти и во Франција каде е забележано намалување на бројот на новорегистрирани патнички возила за 7,2 проценти. Шпанија бележи минус од дури 21,7 проценти. Зголемен број на продадени возила е регистриран само во Велика Британија и во Германија.

Додека автомобилските концерни „Пежо“, „Форд“ и „Опел“ се жалат за голем пад во продажбата, „Фолксваген“ бележи минус на ново продадени автомобили во Западна Европа (без Германија), кој се движи во границите и изнесува шест проценти. Водачот на автомобилскиот пазар „Фолксваген“, според Европското здружение на автопроизводители дури успеа да го зголеми својот удел на пазарот во ЕУ. Повеќе од секој четврти автомобил во ЕУ е марка на концернот од Волфсбург.