1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Фокландските острови на референдум за отцепување од Британија

Жителите на Фокландските острови на 10. и 11. март ќе гласаат на референдум дали сакаат да останат дел од Обединетото Кралство. Референдумот е во време кога Аргентина засилено тврди дека островите се нејзини.

Формулацијата на прашањето кое ќе им биде поставено на гласачиоте испраќа јасен сигнал за желбата на островјаните во однос на нивната политичка иднина: „Дали сакате Фокландските острови да го задржат својот моментален политички статус како прекуморска територија на Обединетото Кралство?“

Според изјавата на владата на Фокландските острови, граѓаните ќе се изјаснуваат со „да“ и „не“, а одговорот може да ги распали тензиите меѓу Буенос Аирес и Лондон.

„Имајќи предвид дека Аргентина повикува на преговори за суверенитетот на Фокландските острови, овој референдум се спроведува за да се консултираат луѓето за нивните погледи на политичкиот статус на Фокландските острови“, стои во изјавата на владата, во која се додава дека „резултатот ќе демонстрира јасен, демократски и неоспорлив начин на кој луѓето од Фокландските острови сакаат да ги живеат своите животи“. Владата објави и дека тим од независни меѓународни набљудувачи ќе го мониторираат референдумот со цел да ја осигураат неговата регуларност.

Falklandkrieg Argentinische Truppen während einer Übung

Фотографија направена на 14.07.1982 година, на која се гледаат аргентински трупи, кои неуспешно се обидоа да ја преземат контролата врз архипелагот

Островите внатрешно се раководени од сопствена влада, а Велика Британија е одговорна за одредени прашања, како што е одбраната и надворешните работи.

Аргентинската влада тврди дека таа треба да има суверенитет врз архипелагот, и покрај фактот дека Велика Британија ги контролира уште од 1833-та година. Обидот на Буенос Аирес во 1982-ра година да ги преземе островите на сила не успеа и резултираше со 74-дневна војна во која загинаа 649 аргентински војници и 255 припадници на трупите на Обединетото кралство. На островите во моментов има околу 1.000 војници од Велика Британија, кои треба да ја осигураат безбедноста на околу 3.000 жители.