1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Флојд Лендис ги отфрли сомневањата за допинг

По најновиот допинг-скандал на велосипедската трка Тур д’Франс, осомничениот победник, Американецот Флојд Лендис, ги отфрли сомневањата за допинг

Флојд Лендис

Флојд Лендис

Пред печатот во Мадрид Лендис изјави дека како професионален велосипедист отсекогаш имал повишени вредности на тестостерон и оти тоа кај него е од природни причини. „Поради тоа сакам сосем јасно да кажам дека не сум допингуван. Во мојот посебен случај никој не може да зборува за допинг“ – рече Лендис. „Следствено категорично изјавувам дека мојата победа на Тур д’Франс беше исклучиво плод на повеќегодишен тренинг и на мојата комплетна посветеност на велосипедизмот, на жртвувањето во мојот цел живот за остварување на сонот, на илјадници километри што ги поминав апсолутно почитувајќи ја чистотата на овој спорт“ – рече Лендис.

Третопласираниот на годинашниов Тур д’Франс, Германецот Андреас Кледен, вчера вака реагираше на информациите за можниот допинг на победникот Лендис: „Можам само да кажам дека сум безмерно разочаран и се надевам оти спонзорите и навивачите ќе ни останат верни и нема да се откажат од велосипедскиот спорт“.