1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

„Флајбординг“ буди чувство на супермен

Во 2011 година во Франција е измислен т.н Флајборд - еден вид чевла-ракета на воден погон прицврстена на стапалата на спортистот. Тој потоа може да скока и како делфин. На езерото Гарда може да се испроба овој нов спорт.

default

Со висока брзина да се излета од водата или да се лета во воздух на висина од повеќе метри - ова е можно со „Флајборд“, пар чевли на млазен погон управувани со црево.

„Флајборд“ треска го зафати и Марко Амико. Тој е еден од првите во Европа кој во Тињале на езерото Гарда во Италија нуди курсеви за овој нов спорт.

Со својата летечка подлога овој екстремен спортист привлекува многу погледи.

Него го фасцинира чувството кога е на штицата.

„Кога се наоѓаш горе на висина од пет метри и притисокот под нозете те носи високо да лебдиш, човек се чувствува посебно, супермен. Се чувствувш едноставно слободен. Како голема играчка за нас старите момчиња“, вели Амико.

Денеска Марко Амико држи „тренинг за супер јунаци“ за почетници. Кристијан Демл од Инсбрук во Австрија се пријави на курсот. Техниката и правилата на однесување Флајборд-тренерот му ги објаснува на копно.

„Значи ако паднам напред, тогаш можам да се задржам со потпирките?“, прашува Демл.

„Со млазниот погон за рацете се разбира може да ја балансираш својата нестабилност. Но ако тоа не функционира повеќе, тогаш рачниот погон можеш да го вратиш назад и да ја исфрлиш главата напред како делфин и потоа како делфин исправен нагоре повторно да излезеш од водата“, објаснува тернерот Амико.

Уште само по теоретскиот дел ова не звучи баш едноставно.

По кратките упатства Кристијан Демл ќе се обиде да го направи првиот скок во за среќа не премногу студената вода.

„Возбуден сум за она што ме очекува. Јас воопшто немам некаква претстава, но спремен сум за изнандувања“.

Првите обиди не изгледаат како супермен - но и да се лета треба да се научи.

„Флајбордингот“ стана познат по вратоломните трикови на професионалците на едно интернет видео. Спортскиот реквизит го измисли еден Французин во 2011 година.

Во Доха, арапскиот емират Катар изминатата есен се одржа првото светско првенство - со 50 учесници од 17 земји.

Првиот светски првак доаѓа од татковината на „Флајбордот“ - Франција.

На езерото Гарда исто така и почетникот Крстијан Демл по само неколку минути станува посигурен на штиците.

Тој ужива во височините.

И трикот со делфин - скокот беше сосема солиден.

За гледачите на копно тој веќе има „квалитет за супер јунак“.

Помалку изгледа како сајнс фикшн, нели? Или... Предмалку еден постојано вака скокаше. Како еден вид делфин или така некако. Многу размислувавме за тоа. Но: Тоа е нов супер спорт! Зошто да не?“, вели едан посетителка на езерот Гарда.

„Не верувам дека од ова ќе произлезе еден вид тренд спорт, бидејќи едноставно не е атрактивен за широките маси. Ова е релативно тешко, да се купи материјалот, можеби да се снабди или да се постават дома. Тие повеќе би се изнајмиле и можеби поради тоа ќе биде нешто послабо“, вели еден посетител.

„Флајбордингот“ навистина не е сосема евтин. Информативен курс на езерото Гарда чини околу 160 евра. Инвестиција која за фанот на водени спортови Кристијан Демл во секој случај се исплати.

„Ова е лудо. Малку страв секако има, кога си таму горе, а кога ќе паднеш, не е сосема без кочници. Се разбира дека е и напорно бидејќи целиот си вкочанет“, вели Демл.

На крајот цревото повторно го презема професионалецот: тренерот Марко Амико. Тој барем во вода редовно сосема се приближува до чувството на супер јунак.