1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Фијаско на генерацијата

Пет години по почетокот на војната во Ирак, во САД се навраќаат на еден темен период од нивната надворешна политика. Угледот на Американците во светот, посебно во исламскиот свет, драматично опадна

default

Војната во Ирак и последиците. Едно се мапите, дргу стварноста

Во ноќта меѓу 19 и 20 март 2003 година американскиот претседател Џорџ Буш му соопшти на својот народ: започна војната против Ирак. Без согласност на Советот за безбедност на Обединетите нации, таканаречената „Коалиција на волните„ ја нападна главната команда на Садам Хусеин. Владата на Буш беше убедена: ирачкиот диктатор крие биолошко оружје. Екс - министерот за надворешни работи Колин Пауел во Обедиентите нации: „Нема никакво сомневање во тоа дека Садам Хусеин располага со биолошко оружје„.

Дел од меѓународната јавност не им веруваше на американските докази и одби да ги следи САД. Оние што се сомневаа – меѓу нив Германија и Франција – тогашниот американски министер за одбрана Доналд Рамсфлед ги означи како „стара Европа„:

„Мислите дека Франција и Германија се Европа? Не се! Тоа е стара Европа„.

Копнените трупи под водство на САД бргу минуваа низ Ирак и го освоија Багдад. На 1 мај 2003 година, ни два месеца од почетокот на војната, Џорџ Буш соопшти - мисијата е завршена:

„Главните битки во Ирак завршија. САД и нашите сојузници ја добија војната„!

Прерана радост

Коалицијата немаше никаков план за времето по Садам Хусеин. Ирак потона во хаос, САД и светот посматраа. А, што е со оружјето за масовно уништување? Не најдовме никакво, призна американскиот инспектор за оружје Дејвид Кеј во октомври 2003-та: „До овој момент не најдовме никакво оружје„.

Никакво оружје, никаква слобода, никаква демократија. Затоа пак екстремисти и борци на Ал Каеда. Постојано експлодираа бомби, умираа многу Ирачани, неброени беа ранети. Во наводно завршената мисија и се повеќе Американци ги губеа животите.

До денес скоро 4 илјади американски војници завршија во ковчег. Околу 60 илјади американски војници досега се вратија од војната ранети или осакатени. Многумина Американци сметаат дека биле излажани од нивниот претседател. Веќе не ја сакаат оваа војна. Еден Американец вели: „Тоа е најголемото фијаско на оваа генерација„.

Џорџ Буш останува спокоен

Во минатата година, Буш ги зголеми трупите за скоро 160 илјади војници. Сепак со успех: бројот напади се намали. Претседателот е убеден дека историјата ќе му даде право: „Решението да се собори Садам Хусеин беше и е вистинското решение во мојот мандат и за секогаш ќе биде исправно„.

И покрај аплаузите, мнозинството Американци сето тоа сега го гледа поинаку. Место почетните 70 проценти, сега само 30 насто Американци стојат зад оваа војна чиј крај не се гледа, ниту по пет години од почетокот.