1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Фишер призна грешки, одби оставка

По 12 ипол часа сослушување во истражната комисија за аферата со визите, германскиот министер за надворешни работи Јошка Фишер изрази задоволство и оптимизам. Тој се надева дека телевизиските гледачи ќе можат да направат разлика меѓу стручноста и скандализацијата на проблемите со визите што сакаат да ја постигнат партиите на опозицијата.

Јошка Фишер сведочи во истражната комисија за аферата со визите

Јошка Фишер сведочи во истражната комисија за аферата со визите

Опозицијата напротив зборува за признание на министерот, а одделни политичари повторно побараа негова оставка. Владејачките социјалдемократи и зелените изјавија дека Фишер го надминал погрешниот развој и ја презел одговорноста. Самиот Фишер грешките во амбасадата во Киев ги означи како недостиг на комуникција и отфрли можност за оставка.

Германскиот министер за надворешни работи Јошка Фишер одби оставка поради аферата со визите. Пред телевизиските камери тој во истражната комисија ја презеде одговорноста за настаните. Опозицијата го обвини за сканадлизација на спорот, а неговиот исказ го оцени како потврда за неговите пропусти. За социјалдемократите и зелените, аферата со визите не е скандал. Денот започна со двочасовно објаснување на Фишер. Тој призна дека во аферата со физите имало дефицити во комуникацијата нагоре во министерството:

„Решенијата на работно ниво и извештаите за криминалните активности, според моето сеќавање, не стигнуваа до мене. Јас морав порано да информирам и порано да дејствувам. Тоа е мој пропуст. Тоа е моја грешка како ресорен министер„.

Грешките се поправени, изјави Фишер кој нагласено се изјасни за практика на слободно патување. Тој ја отфрли критиката на партиите на Унијата дека црвено-зелената коалиција ја помагала принудната проституција. Околу либерализацијата на визниот режим Фишер изјави:

„Јас сум за либерална кон светот отворена Германија и за соодветно таква политика. Тоа не ги оправдува грешките, но да се оградиме од таква политика би било најпогрешното што би можела да га направи нашата земја„.

Фишер рече дека е подготвен да се разјаснат сите детали и не сака ништо да сокрие, но не смее да се случи опозицијата од аферата со визите да направи изборна кампања.

Синоќа со први биланси се огласија членовите на истражната комисија Екард фон Кледен од опозиционата демохристијанска партија, како и Јержи Монтаг од владејачките зелени, секако со различни ставови. Според Фон Кледен:

„Неазависно од тоа како се гледа партиско-политички кон господин Фишер, мора да се констатира дека тој направи еклатантни грешки во водењето на министерството и се покажа неспособен за таа функција. Дали врз основа на пропустите може да дојде до оставка? Сигурен сум дека до тоа нема да дојде зашто за аритметиката на коалицијата тоа е многу важно. Меѓутоа, со оглед на големиот број дупки во сеќавањето, мора да се постави и тоа прашање„.

За претставникот на зелените во истражната комисија Јиржи Монтаг пак:

„Моето резиме е сосема јасно: малку е тажно колку напор вложила унијата во студирањето на документите и колку мал резултат постигнала во тоа„.

Претставникот на социјалдемократите Олаф Шолц изјави дека напнатоста излезе од просториите на истражната комисија. Според него, сета работа ќе биде завршена до летната пауза на парламентот.