1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Фишер патува во регионот на катастрофата

Министрите за надворешни работи на Европската унија денеска на вонредна седница во Брисел ќе разговараат за мерките за помош на погодените земји од природната катастрофа во јужна Азија. Меѓу другото, ќе стане збор за можноста за ослободување на овие земји од долговите, како и за формирањето брза единица за хуманитарна помош за вакви ситуации.

Каде да се упати германската помош?

Каде да се упати германската помош?

На средбата ќе учествуваат и министрите за развој и за здравство на 25-те земји членки на Унијата. Германскиот министер за надворешни работи Јошка Фишер по средбата во Брисел ќе посети три од погодените држави: Тајланд, Шри Ланка и Индонезија, за да види како Германија може најдобро да помогне:

Во интервју за телевизискиот канал ЗДФ, Фишер ги објасни целите на неговата посета:

“Една од задачите поради кои патувам е да се види каде може да влијае сојузната влада и каде конкретно да ги ангажира ветените пари. Постојат и воени зони како во Аче, каде што хуманитарните организации досега немаа пристап, но и во Шри Ланка каде што се одвива долга и трагична граѓанска војна. Со оглед на ваквата трагедија која мора да биде на прво место, тогаш можеби ќе биде можно да се надминат и овие проблеми“.

Фишер го потврди бројот од 751 официјално исчезнати германски граѓани. Досега се иднетификувани 60, како и 300 повредени, главно во Тајланд и Шри Ланка:

“Официјално имаме 751 исчезанат, но има информации и за други, така што мораме да сметаме на околу илјада. В недела ќе бидам во Пукет каде што има најмногу загинати или исчезнати. Тоа е моменталниот биланс“, изјави Фишер.