1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Фишер во Тајланд

Две недели по поплавите во Југоисточна Азија, бројот на загинати се зголеми на над 150 илјади. Освен тоа, регионот и натаму го потресуваат нови земјотреси. Од вчера, инодензиските сеизмолози регистрираа најмалку 14 земјотреси под Индискиот океан. Работата на хуманитарците е отежната и поради дождовите кои го зафатија најмногу погодениот остров Суматра. Во регионот, овој викенд се генералниот секретар на ОН,

default

Кофи Анан и претседателот на Светската банка, Џејмс Волфенсон, кои ветија брза помош за обнова. Таму е и германскиот министер за надворешни работи Јошка Фишер. Тој, во Банкок, разговараше со тајландскиот премиер Таксин Шинаватра и неговиот колега по функција, Суракиарт Сатиратаи.

Со премиерот на Тајланд и министерот за надворешни работи, Јошка Фишер разговараше околу начините за најефикасна помош на настраданите. Во кусата изјава по средбата, министерот Суракиарт Сатиратаи, им се заблагодари на Германците за помошта и изрази сочувство поради Германците кои загинаа во поплавите или кои сеуште се водат како исчезнати.

И Фишер на тајландските политичари им изрази длабоко сочувство поради големиот број загинати и рече дека е благодарен за се што Тајланѓаните кои исто така многу страдаа, направија за германските туристи. Фишер понуди помош во обновата, конкретно во изградбата на систем за предупредување од цунами и обнова на крајбрежјето. Утре Фишер патува во регионот Пукет, а во понеделник има средба со индонезискиот претседател, Сусило Бамбанг Јудхојоно.