1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

„Фич“ ја потврди оценката за Македонија

Македонија од рејтинг агенцијата „Фич“ доби оценка ББ+ со стабилни изгледи. Политичките ризици, вклучително и проблемот со името и одложувањето на пристапните преговори со ЕУ, се пречка за рејтингот.

„Решението на проблемот со името, кое би отворило пат кон членство во ЕУ, со придружните поволности, како што се посилните институции и политички рамки, подобар пристап до финансирањето, инвестициите и извозните пазари, би можело да поттикне позитивна акција во однос на рејтингот ако е придружено со соодветен економски раст“, се посочува во  анализата на „Фич“.

Воедно се дава и оценка за дијалогот на високо ниво на Македонија со ЕУ во насока на тоа дека може да биде позитивен за земјата доколку го искористи моментот за поскоро почнување на официјалните пристапни преговори. Според „Фич“, придобивките од ваквиот чекор и почнувањето формални разговори со јасна временска рамка за пристапување ќе бидат двојни. Прво, процесот би можел да помогне да се „зацементираат“ постојните реформи кои придонесуваат да се подобри деловната клима во земјата. „Фич“ потсетува дека од 34. место во 2011 година, во извештајот „Дуинг бизнис“ на Светска банка, Македонија годинава се искачи на 22. место, но се вели дека е можно реформите да имаат плитки корени, а ќе им треба и многу време да продрат до пониските нивоа на јавната администрација.

Втора придобивка од преминувањето кон пристапни преговори, како што оценува рејтинг агенцијата, би можело да помогне да се обезбеди политичка стабилност во земјата, додавајќи дека членството во ЕУ како заедничка цел помогнало во приближувањето на Македонците и на етничките Албанци. 

Во врска со потврдата на рејтингот од страна на агенцијата „Фич“ македонскиот министер за финансии Зоран Ставрески истакна дека тоа е потврда оти веруваат во перспективите на Македонија, но дека е и сигнал за домашните и странските инвеститори и за сите оние кои ја анализираат и набљудуваат Македонија како потенцијална членка на ЕУ.