1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Фич го подигна кредитниот рејтинг на Грција

Меѓународната агенција Фич за едно ниво го подигна кредитниот рејтинг на Грција, образложувајќи ја својата одлука со намалувањето на буџетскиот дефицит на земјата и намалувањето на опасноста таа да излезе од еврозоната.

Откако минатата 2012 година Грција речиси беше излезена од европската монетарна унија и беше изложена на жестоки критики поради забавувањето на спроведувањето на реформите, последните месеци нејзините меѓународни доверители ја пофалија за стабилизирањето и спроведувањето на непопуларните мерки за штедење.

„Цената беше висока во поглед на загубеното производство и растот на невработеноста, а способноста за заздравување се` уште е проблематична“, оценуваат во Фич образложувајќи го подигнувањето на грчкиот кредитен рејтинг од ЦЦЦ на Б-минус, а перспективите сепак остануваат стабилни.

Претходно и другата кредитна агенција Стандард и Пурс, исто така, го подигна грчкиот рејтинг на Б-минус, додека Мудис грчкиот кредитен рејтинг го оценува со ниво Ц. Меѓутоа, сепак, сите три оценки се длабоко во категоријата „ѓубре“.

Од Фич велат и дека во 2013 година Грција ја очекува поблага рецесија, а послабо опоравување во 2014 година, што е главно во согласност со предвидувањата на Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд, како нејзини заемодавци.