1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Фич го намали кредитниот рејтинг на Шпанија

Шпанија обезбеди итно потребен свеж капитал на финансиските пазари со високи камати, но рејтинг агенцијата Фич го намали кредитниот рејтинг на земјата.

Американската рејтинг агенција Фич го намали кредитниот бонитет на Шпанија наведувајќи како причина прогнози за огромни трошоци за спасување на нејзиниот банкарски сектор, преголемиот долг и продлабочувањето на рецесијата.

Кредитниот рејтинг на Шпанија е намален за три степени - од А на БББ со негативна прогноза, соопшти Фич.

Трошоците за реструктуирање и докапитализација на шпанскиот банкарски сектор сега се проценети на околу 60 милијарди евра, односно на дури 110 милијарди долари во случај на полошо сценарио, се вели во соопштението на Фич.

Тоа е речиси двојно повеќе во однос на претходната проценка на Фич. Спасувањето на банките, според Фич, дополнително ќе го зголеми вкупниот државен долг и со тоа јавниот долг ќе мора да се зголеми на 95 отсто од брутодомашниот производ.