1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

ФИФА – федерација за бизнис

Утревечер, со првиот натпревар Германија – Костарика, започнува Светското фудбалско првенство 2006. ФИФА трие раце, зашто голем дел од приходот ќе заврши во касата во Цирих. Всушност ФИФА секогаш беше таканаречениот „извршител„ на светските првенства и тоа беше главната цел на сојузот формиран пред повеќе од 100 години со седиште во Цирих.

Веќе со начинот на продажба на билетите ФИФА покажа дека и е повеќе до бизнис!

Веќе со начинот на продажба на билетите ФИФА покажа дека и е повеќе до бизнис!

За првпат со Светското првенство 2006 во Германија, ФИФА на планот на маркетингот и присуството во медиумите тргна во вистинска офанзива. Дали топките, маиците или цели стадиони на кои ќе се игра, секаде мора да стои „ФИФА – СП 2006, а не само „СП-2006„. Овој агресивен настап на федерацијата, која според статутот им е посветена само на спортските настани и на поврзувањето меѓу народите, веќе предизвика големо незадоволство и критика во Германија. Пред се актуелната расправија меѓу германскиот организационен комитет и ФИФА околу проджабта на билетите покажа дека на федерацијата бизнисот и е поважен од спортот.

Во 1906 година прометот на ФИФА изнесуваше вкупно 500 швајцаракси франци. Меѓутоа, кога утре ќе одекне првата судиска свирка, за ФИФА ќе се тркала едно: еврото. Влијанието на ФИФА оди до таму што и во соседството на стадионите каде што ќе се играат натпреварите, да смеат да се продаваат само приоизводи на официјалните спонзори на ФИФА.

Федерацијата се разви во моќна бизнис фирма чие влијание ги надминува фудбалските стадиони. Така во Хамбург мораше да се отстрани таблата на која пишува „АОЛ –Арена„, а производителот на спортска опрема „Најки„ мораше до покрие маркантното лого од централата во Франкфурт.

ФИФА настапува како „окупатор„, се жалат германските фирми и политичари, зашто на официјалните „билборди„ околу стадионите можат да се рекламираат само официјалните спонзори – тоа е терен за Кока Кола. Според шефот на маркетингот на ФИФА Грегор Ленце, само од 15-те големи спонзори во касата на федерацијата ќе се слеат околу 700 милиони евра.

Меѓутоа ФИФА доби и црвен картон. Конкретно од германскиот врховен суд. Федерацијата бараше поимите „СП 2006„ и „Фудбал СП 2006„ да ги заштити како марки за преку 850 продукти и услужни дејности. Судот просуди: не може, зашто според таквата логика некој би можел да бара заштитна марка и за Божик или Велигден. Сепак претседателот на ФИФА Јозеф Блатер има добри вести: федерацијата очекува приходи од светското првенство во износ од милијарда и 860 милиони евра. Половината од тоа се пари од маркетинг и од телевизиските права. Расходите напротив достигнуваат 755 милиони евра, од што дел за оранизациониот комитет, за премии и за проекти на ФИФА за поддршка и помош. Иако ФИФА на ваков начин прави дебел плус, во Швајцарија плаќа данок од само 4,25 насто, бидејќи важи за непрофитабилна федерација.