1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

ФИФА со старо-нов претседател

Денеска во помпезната сала на Светската фудбалска асоцијација во Цирих заседаваше новиот Извршен комитет. На негово чело седеше старо-новиот претседател на ФИФА, Јозеф Блатер, кој вчера без против кандидат беше реизбран за уште четири години.

Јозеф Блатер по трет пат по ред на чело на Светската фудбалска асоцијација

Јозеф Блатер по трет пат по ред на чело на Светската фудбалска асоцијација

”Сега сум избран и сега можете повторно да напаѓате ако сакате. Ако некои новинари и колеги сметаат и понатаму дека тоа не е исправно, тогаш мораат да се прашаат дали е можно дури 207 од вкупно 208-те сојузи на ФИФА да ме изберат без и еден глас против“ - порача борбено 71-годишниот Швајцарец Јозеф Блатер по синоќешниот избор со акламација. На 57-миот редовен конгрес на Асоцијацијата што се одржа во Цирих, значи за Блатер на домашен терен, немаше дури ни пријавено против кандидати.

На Конгресот за нов член на Извршниот комитет на ФИФА беше избран легендарниот германски фудбалер Франц Бекенбауер. Тој денеска спроти конститутивната седница на Комитетот изјави дека е подготвен да се ангажира за напредокот на фудбалот во посиромашните земји членки во Африка. Бекенбауер е веќе навикнат на улогата на фудбалски дипломат и поради главната ролја што ја имаше при организацијата на минатогодишното Светско фудбалско првенство во Германија. “Кајзер Франц“ како што го нарекуваат домашните фудбалски фенови, е член и во две комисии на европската федерација УЕФА, од каде и беше испратен како член на Извршниот комитет на ФИФА.