1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

ФИФА го потпиша анти-допинг Кодексот

Јозеф Блатер

Јозеф Блатер

Претседателот на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) Јозеф Блатер го потпиша Кодексот на Светската анти-допинг агенција (ВАДА), со што и фудбалот стана спорт во кој ќе мора строго да се казнува употребата на недозволени стимулативни средства. “Ќе се бориме против допингот во спортот. Одиме напред. Мораме да ја споделиме одговорноста со другите спортски федерации и Меѓународниот олимписки комитет”, изјави по потпишувањето Блатер, кој претходно имаше резерви во однос на кодексот, но еден долг разговор со ВАДА придонесе да го смени ставот.

ФИФА е 27-та федерација од вкупно 28-те олимписки спортови, која го прифати Кодексот. Се очекува наскоро тоа да го стори и последната - Меѓународната велосипедска Унија. Со Кодексот се воспоставуваат исти правила за сите, а федерацијата што нема да го почитува може да биде исклучена од олмиписките игри. Владите треба до 2006-та година да го воведат Кодекссот во националното законодавство.